| |

Бугарија побара техничка помош од ЕУ и НАТО за истрагата за нападот со дронови врз два брода во Црно Море

Бугарија побара техничка помош од Европската Унија и НАТО за продолжување на истрагата за нападот со дронови врз два трговски брода во бугарската исклучителна економска зона во Црното Море, јавува Информативниот центар на МО на Бугарија.

Бугарскиот премиер Румен Радев испратил писма до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, во кои побарал сојузничка поддршка и приоритетно разгледување на случајот.

Од Европската агенција за поморска безбедност е побарана помош откако бугарските власти не пронашле остатоци од дроновите преку кои би можело да се утврди нивното потекло.

Целта на меѓународната помош е да се анализираат материјалните докази, сателитските податоци и останатите информации собрани во истрагата.

Радев истакнал дека по утврдувањето на одговорноста за нападот, Бугарија ќе ги преземе сите можни дипломатски и правни мерки во согласност со меѓународното право.

Слични Објави