Бугарија со бронзен медал од Меѓународниот турнир на младите физичари (IYPT)
Бугарскиот национален тим освои бронзен медал на 39-то издание на Меѓународниот турнир на млади физичари, што се одржа во Цирих, Швајцарија, јавува бугарското министерство за образование и наука.
Во тимот беа ученикот Љубослав Димов од Математичката гимназија „Баба Тонка“ во Русе и учениците од Националната природно-математичка гимназија во Софија – Станислав Јанков, Нора Георгиева, Виктор Георгиев и Елен Елинова.
Под раководство на Маја Жекова од Физичкиот факултет на Софискиот универзитет и Даниела Иванова од гимназијата во Русе, учениците подготвија решенија за 17 истражувачки задачи.
Тие ги претставија и ги бранеа своите експериментални и теоретски анализи пред меѓународно жири и учествуваа во научни дебати со тимови од десетици земји.

