Бугарската поетеса Поли Муканова, учесничка во 63-то издание фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ го посети БКИЦ во Скопје
Учесничката во 63-то издание на Струшките вечери на поезијата, бугарската поетеса Поли Муканова, заедно со Јорданка Белева го посети Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје е долгогодишен партнер на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ и го поддржува учеството на бугарските поети. Годинава фестивалот ќе се одржи од 22 до 25 август и на истиот ќе учествуваат 25 поети од целиот свет.
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје со огромно задоволство го поддржува учеството на бугарската поетеса Поли Муканова, на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, јавуваат од бугарската културна институција во Скопје.
