Бугарски компании ќе градат делница од метрото во Букурешт
Бугарските градежни компании „Трејс Груп Холд“ и „Џи Пи Груп“ ќе учествуваат во изградбата на новата делница од метрото во Букурешт заедно со турската компаниja „Доуш“. Тие ќе работат на трасата меѓу „Гара де Норд“ и Плоштадот на хероите – дел од продолжувањето на линијата М4, која ќе ги поврзе северната и јужната железничка станица во романската престолнина.
Проектот предвидува изградба на 11 километaрска траса со 14 станици, со вкупна вредност од 2,5 милијарди евра, целосно финансирани од Европската унија. Конзорциумот со бугарско учество вклучува и неколку подизведувачи, меѓу кои романски и меѓународни компании. Другиот дел од проектот е доделен на обединение предводено од романската „Ербасу“ и турската „Ѓулермарк“.
Договорите треба да бидат потпишани до крајот на 2025 година, доколку нема жалби. Градежните работи се очекува да започнат најрано во 2026 година, а завршувањето е планирано до 2030 година. За „Џи Пи Груп“ ова е прв проект во Романија, додека „Трејс Груп Холд“ веќе има искуство со изградба на автопати во земјата. Двете бугарски компании, заедно со „Доуш“, имаат учество и во изградбата на софиското метро.

