Бугарскиот пилот во Формула 2 Никола Цолов ќе тестира болид на Рејсинг Булс на Имола
Бугарскиот пилот Никола Цолов на 27 август ќе тестира болид на Рејсинг Булс од сезоната 2025 на патеката „Имола“, потврди извршниот директор на тимот, Петер Бајер, јавува Спортал.
Лидерот во Формула 2, кој сезонава има две победи, треба да извози 300 километри за да добие суперлиценца за настап на слободен тренинг во Формула 1.
„Цолов се претставува навистина добро во Формула 2. Треба да му помогнеме да продолжи со подготовките“, изјави Бајер.
Одлуката за возачката постава на Рејсинг Булс за следната сезона ќе ја донесе шефот на тимот Алан Пермејн.

