| |

Бугарскиот заменик премиер Атанас Зафиров ќе ја запознае бугарската влада за потребата од дополнителни средства за црквата „Свети Стефан“ и манастирот-музеј во Истанбул

Со средбата со раководството на Фондацијата на православните цркви на бугарската егзархија во Истанбул заврши азиската обиколка на заменик премиерот на Бугарија и претседател на НС на БСП Атанас Зафиров и делегацијата што тој ја предводеше, јавува БГНЕС. Тој и министерот за регионален развој и заменик претседател на левицата Иван Иванов ја посетија бугарската православна црква „Св. Стефан“, се поклонија пред гробот на Иларион Макариополски и го разгледаа манастирот-музеј, каде што е поставена репрезентативна изложба, посветена на бугарската колонија во Истанбул, како и на историјата на Бугарската егзархија.

Бугарските министри одржа средба со претседателот на фондацијата Димитри Јотеф и неговиот заменик Христо Копано, кои ги запознаа официјалните гости од Бугарија со дејноста и потребата од дополнително финансирање на институцијата, која директно се грижи за состојбата на бугарските православни цркви во Република Турција. Зафиров се обврза дека ќе ги запознае владата и бугарската држава со потребата од финансирање за да се обезбедат уште средства за овие светињи на бугарштината.

Бугарскиот заменик премиер се сретна и разговараше и со групи верници од Софија и Пловдив во дворот на Железната црква.



Слични Објави