| |

Бугарските деца во Брисел ги изучуваа заветите на Левски

Повеќе од еден месец учениците од Бугарското национално училиште – Брисел заедно работеа на заеднички проект „Апостолот на слободата“. Тие собраа фотографии и информации за споменикот или барелефот на Васил Левски во нивниот роден град или градот на нивните родители во Бугарија, јавува Извршната агенција за Бугарите во странство.

На 17.02.2024 година со учениците од Бугарското национално училиште – Брисел го одржавме натпреварот „Лавовски скок“. Децата работеа и одговараа на интересни прашања од претходно подготвените материјали и крстозбори.

„Делото на Левски, неговиот придонес и заветот што ни ги оставил беа главни теми на часовите во БНУ во февруари. Децата објаснија што разбрале од неговите зборови. Си ветивме дека секој час ќе додаваме уште по еден. За децата родени во странство, кои растат во туѓо говорно опкружување, важно е да ги знаат зборовите семејство, татковина, главните симболи, истакнатите личности. Мора да живееме со Левски во нашите срца, да го познаваме и да се сеќаваме на него, бидејќи „Тој е роден, не за да умре, туку за да блесне“, вели Валентина Најденова раководител на Бугарското национално училиште – Брисел.

Слични Објави