| | |

Бугарските пратеници ќе гласаат бугарското државјанство да се добива на свечена церемонија во Министерството за правда на Бугарија

На следната собраниска седница бугарските пратеници ќе ги гласаат по прв пат измените во законот за бугарско државјанство. Во измените се предлага доделувањето на Уверенијата за бугарско државјанство да се врши во рамките на свечена церемонија која ќе се одржува во Министерството за правда или во дипломатските и конзуларските претставништва на Р. Бугарија во странство, јавува БГНЕС.

Според измените доделувањето на Уверението за стекнување на бугарско државјанство е последниот акт со кој што завршува целосната процедура за добивањето на државјанството. Свеченото доделување ќе додаде тежина на овој акт, кој во исто време е израз на значењето што бугарската држава го дава за таа важна промена во животниот и правниот статус на лицето.
Во проект-законот е предвидено да се извршат дополнувања на условите за добивање на бугарско државјанство за лицата со бугарско потекло како и за лицата кои имаат родител кој добил бугарско државјанство.

Владеењето на бугарскиот јазик се воведува како задолжителен услов. Во измените на законот се предлага и прекин на постоењето на Консултативниот совет во рамките на Извршната агенција за Бугарите во странство.

Слични Објави