|

БУГАРСКОТО МНР СО НОВА ОБЈАВА „ВИСТИНА ИЛИ НЕ“ ОВОЈ ПАТ НА ТАПЕТ Е ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

Бугарското МНР и денеска преку својата facebook страна го постави прашањето „Вистина или не?“, алудирајќи на тоа дека македонските високи функционери лажат. Вчера постот на бугарското МНР беше насочен кон вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, а денеска сличен пост се однесува на премиерот Зоран Заев.

„Вистина или не?

9 декември 2020 г.

Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија: Во 21 век ниту е европски ниту е демократско, да му кажете на некој друг како да се чувствува и како да се самопределува.

Екатерина Захариева, вицепремиер на Република Бугарија:

Тврдењето дека Бугарија го оспорува нивниот идентитет е апсолутно невистинито. Државите не ги признаваат националностите и јазиците. Правото на самоопределување е право на секој граѓанин на оваа планета. Вклучувајќи ги граѓаните во Република Северна Македонија со бугарска самосвест.“, стои во постот на бугарското МНР објавен на социјалната мрежа Facebook.

Слични Објави