| |

Отворен бугарски оддел во централната библиотека на градот Сан Франциско во САД

Во централната библиотека на градот Сан Франциско во САД беше отворен бугарски оддел. Во истиот се наоѓаат бугарски книги поврзани со литературата, културата и историското минато на Бугарија, јавува БГНЕС.

Живко Мутафов, еден од авторитетните Бугари во американскиот град, донираше неколку тома бугарски книги поврзани со Преродбата и бугарската понова историја. Меѓу нив е делото на браќата Миладинови „Бугарски народни песни“ и мемоарите на Темелко Нешков „Нема разделба – Македонија против македонизмот“.

Мутафов за БГНЕС објасни дека за само неколку месеци сите бугарски книги ќе бидат внесени во каталог.

Слични Објави