|

Бујар Османи најавува конкретни мерки за пензионерите: Картичка „Златни години“, финансиска помош и мобилни тимови

„Грижата за возрасните не е обврска, тоа е мерка на човечност и почит,“ изјави кандидатот за градоначалник Бујар Османи, претставувајќи ја својата нова програма „Со срце за возрасните“, наменета за подобрување на квалитетот на живот на повозрасните лица во заедницата.

Османи истакна дека токму постарите генерации го изградиле градот и ја создале заедницата во која живееме денес, и затоа заслужуваат посебна грижа, внимание и поддршка.

Програмата „Со срце за возрасните“ опфаќа повеќе конкретни мерки:

  • Картичка „Златни години“ – со која пензионерите ќе добијат попусти во аптеки, маркети, културни установи и други јавни услуги.
  • Финансиска поддршка – месечен надомест од 2.500 денари за пензионерите со најниски приходи, со план постепено да се зголеми на 5.000 денари.
  • Субвенции за домашна грижа – поддршка за квалитетна нега и помош во домашни услови, со цел постарите лица да останат во својот дом, меѓу најблиските.
  • Мобилни здравствени тимови и нови клубови за пензионери – за поголема достапност на здравствена грижа и социјална вклученост.

„Староста треба да значи сигурност, достоинство и заедништво, а не изолација,“ порача Османи, додавајќи дека овие мерки не се ветувања, туку реална и издржана обврска.

„Со почит, со срце и со дела – тоа е нашиот пристап,“ заврши тој.

Слични Објави