|

Заев ја повика Бугарија да биде дел од „Отворен Балкан“

Иницијативата „Отворен Балкан“ е слободна и отворена за сите, таа не е ексклузивна туку инклузивна, рече премиерот на Албанија Еди Рама на денешниот Економски форум во Скопје. Околу критиките дека иницијативата наликува на создавање на нова, Голема Југославија, Рама одговри дека тоа е некаков паралелен свет.

„Албанија овој процес ќе го развива заедно со сите кога и да е можно и каде и да е можно. Од друга страна, за нас не е проблем доколку некој нема да преземе нешто или пак само делумно ќе си го сработи својот дел“, посочи Еди Рама.

Вучиќ рече дека се подготвени да направат и одредени отстапки само за да се приклучат и други земји, потенцирајќи дека трговијата и соработката меѓу земјите е најважна.

„Од почеток кажа дека сите можевме да учествуваме заедно во ова и да бидеме коректни во тоа. Она што не раздвојува, да не се наметнува како вајважно прашање, ние мора да продолжиме да работиме“, истакна Александар Вучиќ.

Премиерот Заев изрази надеж дека Бугарија набрзо ќе формира Влада и ја повика да се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“ иако била земја членка на ЕУ.

„Па ќе може и тие да се приклучат доколку сакаат, затоа што ова е Балкан, иако се земја членка на ЕУ, зошто не! Така што ова го испраќам како порака дека мал ни е регионот, мора да соработуваме, да си помагаме пред се заради нашите граѓани“, посочи Зоран Заев.

Една економија, нула време за чекање ќе донесе интегрирањето на регионот, а за тоа не треба да чекаме и да зависиме од Европската унија, беше заклучокот од Економскиот форум.



Слични Објави