Бутарис: Да се преименува солунскиот аеродром, туристите мислат дека доаѓаат во Скопје
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, јавува МРТ.
Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската „Куќа на славните“.
Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје. Солунскиот градоначалник оценува дека сега има реална можност да се реши проблемот со името, а секое оддолжување би одело на штета на Грција.