|

Царовска: Со оставката на Заев, престанува и мандатот на целото раководство

Министерката за образование и наука и потпретседател на СДСМ Мила Царовска во објава на Фејсбук наведе дека со оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство.

Царовска се заблагодарува за укажаната доверба и можност да даде придонес во градењето општество за сите и посочува дека останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.

– Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности, напиша Царовска.



Слични Објави