ЗАЕВ: ВЛЕГУВАЊЕТО НА ФРАНЦУСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ Е ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈАТА
Премиерот Зоран Заев прими делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, придружуван од амбасадорот на Република Франција во нашата земја Сирил Бомгартнер. На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, премиерот Заев изрази задоволство од неодамна потпишаниот договор за соработка со Француската агенција…
