ИТНО ДА СЕ ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ДА НЕ СЕ ПРОДОЛЖАТ РОКОВИТЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ЗАВРШНИ СМЕТКИ
Комората на сметководители неделава доби известување дека и покрај тоа што сметководителите се загрозени од пандемијата и не можат да ги достигнат роковите, Министерството за економија во чија надлежност се измените на Законот за трговски друштва оценува дека нема потреба од законски измени за пролонгирање на роковите за поднесувањето на завршните сметки и финансиските извештаи….
