НАПАДНАТИ КУМАНОВЕЦ И НЕГОВАТА СОПРУГА
На 10.10.2020 во СВР Куманово, М.К.(57) од Куманово пријавил дека на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, тој и неговата сопруга Б.К.(46) биле физички нападнати од едно лице. Како што информираат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
