Западните сојузници да испратат оружје со поголем дострел, повика Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш итно го повика Западот да и обезбеди на Украина оружје со поголем дострел поради напредувањето на неговите војници во руската област Курск, јави ДПА. -Способноста на украинските вооружени сили да користат такво оружје против Русија е најважното стратешко прашање на оваа војна, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање….
