Над 200 пожари беснеат во Бугарија, во Свиленград горат 100 илјади декари
Во Бугарија беснеат над 200 пожари. Најсериозно се погодени јужните и југоисточните делови на земјата, а само во општина Свиленград горат 100 илјади декари, јавува БГНЕС. И покрај запрепастувачките податоци, ситуацијата во моментов се нормализира, увери утрово првиот човек на бугарската противпожарна служба главен комесар Александар Џартов. Почна сезоната на пожари. Нема да биде лесно…
