ПОЧНА СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
Двајца култни гитаристи од САД – Дејвид Торн и Фред Фрит со неговото трио во Националната опера и балет (НОБ) синоќа го отворија Скопски џез фестивал, кој ќе трае до недела. На отворањето дојдоа низа јавни личности од разни области на живеењето во земјава, меѓу кои и гитаристот Влатко Стефановски.
