Светски познатиот бугарски писател Георги Господинов ја доби меѓународната книжевна награда „Виленица“
Бугарскиот писател Георги Господинов е добитник на престижната меѓународна книжевна награда „Виленица“, која традиционално се доделува во едноимената пештера во Словенија, информира издавачката куќа „Жанет 45“. Господинов стана 40-тиот лауреат на овој значаен фестивал, кој оваа година се одржа од 8 до 13 септември под мотото „Прекрасниот нов свет“. „Литературата и сториите имаат животоспасувачка сила…
