Привремената амбасадорка на Србија во Софија беше повикана на разговор во бугарското МНР, заради пропагандната изложба во Белград насочена против Бугарија
Директорката на Дирекцијата „Југоисточна Европа“ на бугарското Министерство за надворешни работи, Вања Андреева разговораше привремената амбасадорка на Србија во Софија Славица Паниќ, во врска со отворената изложба на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, насловена „Злосторствата врз цивилното население во Србија под бугарска окупација /1915-1918 година/“. Во текот на разговорот, бугарската страна изрази силна загриженост…
