ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА „27 АПРИЛ“, ВЕЉАНОСКИ И РИСТОВСКИ БИЛЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА
Судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието, се одложува на 28 октомври поради отсуство на обвинетиот Спиро Ристовски, кој е во самоизолација, поради коронавирусот. Бранителот на Спиро Ристовски, до судот доставил известување дека обвинетиот ќе биде во самоизолација до 21 октомври. Првообвинетиот Трајко Ваљаноски, исто така, има решение за самоизолација…
