ГДУ: ВЛАДАТА „НИЖЕ“ УСПЕСИ И ОСВЕН ВО „ХИБРИДЕН РЕЖИМ”, НИЕ ЖИВЕЕМЕ ВО КОРУМПИРАНА ЗЕМЈА
Тазе податок од прва рака- Македонија е на 93-тото место од 180 држави според нивото на корупција, во последниот годишен Извештај на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнал. Пред десетина дена, етаблираниот британски неделник „Економист“, нѐ постави во друштвото на држави од типот „хибриден режим”. И сега пак има нешто добро, позитивно, како и секогаш…
