-
-
ОТВОРЕН ТУРИСТИЧКИОТ ИНФОЦЕНТАР „ПОНИКВА“ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ
На надморска височина на околу 1600 м, на Осоговските Планини, со проект на Центарот за развој на Источниот плански регион поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зачувување на природата е изграден Туристичкиот инфоцентар „Пониква“. На промоцијата на Инфоцентарот „Пониква“, во присуство на заменик-амбасадорот на Швајцарија Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската…
-
БУЈАР ОСМАНИ: СОБРАНИЕТО ОД ДЕНЕСКА ЈА ПОЧНУВА МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА ВОЛЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изјави дека од денеска Собранието ја започнува материјализацијата на волјата на граѓаните што излегоа на вчерашниот референдум. Тој подвлече дека на ниеден референдум до сега немало толку голема поддршка од 91 процент за било кое прашање. Османи додаде дека цензусот не е одлучувачки во моментот бидејќи во минатото бил…
-
ШЕКЕРИНСКА: ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПОЧИТУВААТ ОДЛУКАТА НА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ШТО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ
Резултатот од референдумот покажува дека и да гласаа повеќе луѓе одлуката на граѓаните е јасна.Малку над 90 проценти од тие над 661 илјади гласови гласаа за европска Македонија, тоа го изјави министерката за одбрана на Македонија Радмила Шекеринска на прес-конференција во Владата на Република Македонија. Шекеринска истакна дека изборот пред пратениците е јасен и тој…
-
„НЕЗАВИСЕН“: ТАЈНО ГЛАСАЊЕ ИЛИ ЗАЕДНИЧКИ ИЗБОРНИ ЛИСТИ ОПЦИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕТО НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ
Тајно гласање во парламентот за пристапување кон уставни измени согласно договорот од Грција е една од варијантите за обезбедување соработка на опозициските пратеници за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство јавува дневниот весник „Независен“. Според партиски извори, оваа варијанта се разгледувала уште пред референдумот, бидејќи во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има членови кои се расположени да…
-
ЕДЕН ДЕН ПО РЕФЕРЕНДУМОТ ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПОВТОРНО ВО ПОЛН ТЕК
Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 10 јавни службеници во Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Се бараат двајца шефови на кабинет, стручен соработник за управување со човечки ресурси, соработник за договори со здравствени установи, соработник за надоместок за лекови, контролор, тројца раководители на подрачни служби и еден републички инспектор. Платите во зависност…
-
МОТОРЏИЈА ЗАГИНА ПО СУДИР СО ТРАКТОР
Моторџија загина по судир со трактор, вчера на магистралниот пат Гостивар-Кичево, информираше МВР. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.30 часот. Тогаш мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици, што го управувал А.Х. (25) од село Здуње се судрил со трактор со приколка управуван од А.Ш. (26) од село Равен. Возачот на моторот починал на…
-
СКОПЈАНКА ПРЕГАЗЕНА НА ПАРКИНГ, СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ПРЕНЕСЕНА ВО КЛИНИЧКИ
На паркинг во Центар вчера била прегазена скопјанка и со тешки повреди е пренесена на клиниката „Мајка Тереза“. Осумдесет и двегодишната О.О. околу 15:15 часот била удрена од автомобил „Мазда 3“ кој бил управуван од Г.С. (25) од Скопје, информираат од МВР. Несреќата се случила на улицата „Даме Груев“ на паркинг простор. Во незгодата со…
-
ДИК: ИЗЛЕЗНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ Е 36.87%, ЗА ГЛАСАЛЕ 91.48%
Државната изборна комисија утрово ги објави резултатите од обработени податоци од 98.61% од избирачки места. Според нив, на ниво на Македонија на референдум гласале 661.393 гласачи, а излезноста била 36.87%. На прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, со ЗА одговориле 91.48% односно…
-
АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА
Американската амбасада во Скопје ги поздрави резултатите од вчерашниот референдум во Македонија. „Силно ја поддржуваме целосната имплементација на Договорот, овозможувајќи Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ, за да придонесе за регионалната стабилност, безбедност и напредок“, се наведува во твитот од Американската амбасада во Скопје.
