Сирените повторно се огласија во неколку украински градови
Воздухопловните сирени утрово повторно се огласија низ Украина. Според локалните медиуми, сирени се слушнале во регионите на Киев, Лавов, Днепар и Запорожје. Би-би-си потсетува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупредил Украинците да се подготват за уште поголеми операции на руската армија на истокот од земјата. Извор: Темите
