Зеленски со порака до ЕУ: Ја докажавме нашата сила, сега покажете дека сте со нас!
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати пред европратеници на вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент и побара од Европската Унија да ја докаже својата заложба за европска Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент е денеска целосно посветена на агресијата на Владимир Путин врз Украина. Преку видео врска…
