Бугарскиот министер за одбрана Стојанов повика на поблиска координација со Романија и Турција по нападите врз трговски бродови во Црното Море
Министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, денеска оствари телефонски разговори со заменик-претседателот на Владата и министер за национална одбрана на Романија, Раду Мируца, и со министерот за национална одбрана на Турција, Јашар Ѓулер. Главна тема во двата разговора беше безбедносната состојба во Црноморскиот регион во контекст на ноќешните инциденти, во кои беа погодени два…
