ЦЕЛ СВЕТ СЕ ЗБОГУВА СО БРАЈАНТ, А ЛЕЈКЕРСИ НЕОЧЕКУВАНО – МОЛЧАТ (ФОТО)

Светот не може уште да се помири со големата загуба на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант, кој загина вчера во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, а животот го загубија уште осум лица. А чудно е тоа што додека сите тагуваат, од неговиот поранешен клуб Лос Анџелес Лејкерс засега не се огласуваат.

Дали станува збор за шок затоа што тие го загубија легендарниот кошаркар, кој ја помина кариерата во нивните редови и им донесе многу трофеи или има нешто друго непознато за јавноста засега останува мистерија.

Извор: Спорт1

Слични Објави