ЧЕФЕРИН ПРИЗНА: АКО НЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ, СЕЗОНАТА ЌЕ БИДЕ ЗАГУБЕНА!

/

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин јавно призна дека сè зависи од пандемијата на коронавирусот. Дали ќе биде загубена сезоната или ќе се доигра засега не е познато, иако сите вложуваат напори за да се врати фудбалот на терените.

Првиот човек на УЕФА кажа дека здравјето е на прво место, а има и неколку предлози за комплетирање на сезоната.

„Во овој драматичен момент најважно е здравјето на луѓето и победување на кризата. Не знаеме како ќе се однесува пандемијата и кога ќе заврши, но имаме неколку планови. Во контакт сме со лигата, со клубовите, постои работна група. Мора да чекаме, како и во сите останати сектори“, кажа Чеферин.

Чеферин има неколку предлози за продолжување на првенствата.



„Можеме да почнеме на средината на мај, средината на јуни или крајот на јуни. Но, ако не успеме во тоа, тогаш сезоната најверојатно е загубена“, кажа првиот човек на УЕФА.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ШЕВЧЕНКО: СОСТОЈБАТА ВО ИТАЛИЈА Е КАКО ВО ЧЕРНОБИЛ, ДОКТОРИТЕ СЕ НАШИ ХЕРОИ!

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи