Честит 1 мај- космички будали

Анализи & Коментари Истакнато Позиција

1. Западот ја растурил СФРЈ за да ги присвои нејзините рудни богатства.  Денес 1.05.2018 80% од рудното богатство на СФРЈ ,рудници и преработувачки капацитети се во споственост на тајкуните на Путин. Се уште само 10% од овие рудни богатства по терминологијата на СФРЈ,сосе преработувачите и рудниците припаѓаат на државите на Балканот,а 10% на индиски и западни компании. Во оваа анализа ги додавам и рудните богатства на Албанија и Бугарија како земји од социјалистичкиот блок и секако балкански земји.

2. Денес 1.05.2018 заради тоа што се огромни потрошувачи на струја истите тие тајкуни се стремат да влезат во бизнисот со сите енергенси на Балканот, па така да ги контролираат и енергенсите. Соут стрим, Лукоил, Гаспром и уште 12 други фирми се во сопственост и под надзор на руските тајкуни на Кремљ.

3. Српските криминални компании (во сопственост на српски граѓани) за жито се стремат да сеат ГМО Жито во Војводина.
Има таму еден проблем.Во Војводина се присутни јапонски компании кои исто произведуваат жито и тоа тие не го дозволуваат. Скенираат ГМО насади во Војводина и секој таков насад го пријавуваат на властите.До денес под притисок на јапонските компании се изгорени најмалку 10.000 хектари вакви насади ,а другото се држи во тајност од Владата на Србија. Дел од српските компании кои се обидуваат да го прават тоа се коруптивно поврзани со властите и институциите.

4. Лошите вакцини не се увезуваат од западни компании туку од институциите и компаниите на земјите во регионот, а се направени во Кина ,Индија и Пакистан. Во овој увоз се замешани функционери на политичките партии од Западен Балкан.

5. Во регионот не може да биде увезена лоша храна освен од страна на домашните мафии кои се поврзани со институциите за контрола на квалитетот .Месо се увезува од Кина и Бразил кое е со сомнителен квалитет и со хормони. Месо од западни компании од Европа не може да е неисправно, ако властите во земјите увозници не се корумпирани.
Месото од 90% европски производители е далеку поквалитетно и хемиски посиправно од домашното месо кое се произведува во земјите во Западен Балкан и Бугарија.

6. Месото и млекото често во земјите во Западен Балкан и Бугарија е бактериолошки неисправно. Големите производители на млечни производи често увезуваат од Европа кога утврдат бактериолошка неисправност. Чест случај за ова е и Македонија.

7. ХАРПП како програма не постои веќе 5 години. Официјална Москва или нивното министерство за одбрана кога се во прашање шпекулациите за ХААРП-от даде неколку официјални соопштенија дека ХААРП не постои и дека нема такво нешто што може да ја менува климата во региони заради што е потребна енергија колку што консумира Русија за 30 дена.

8. Сета лесна индустрија на Балканот е уништена од увоз на стоки од Кина. Западен Балкан увезува многу малку производи на лесна индустрија од западните земји ( 7%). Поради овие увози останаа без работа 4.000.000 работници во текстилната и другите лесни индустрии.

9. 80% на извозот и увозот на земјите од Западен Балкан е со ЕУ и САД и западните развиени земји. 10% е директна соработка со други земи а 10% се сомнителни извози до фирми регистриани во офшор дестинации.

10. Земјите на Западен Балкан имаат само 0,08% девизни приливи од земји, кои не се во листата на западните земји. Овие 2 години ова е зголемено на 0,57% Заради миграцијата во Дубаи ,Бахреин и Катар. Другиот девизен прилив до Западен Балкан или најмалку 98 % доаѓа од западните земји и со тоа се подобрува девизниот платен биланс на овие земји.Без него ќе беа до денес земјите од Западен Балкан одамна ќе беа банкротирани.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар