ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГДУ ПЕТАР КОЛЕВ ЗА ДЕНОТ НА АРМ

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, на својата официјална Facebook страна упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија по повод Денот на АРМ.

„Припадниците на АРМ со нивната посветеност и несебично залагање во градењето на мирот и стабилноста на Македонија се главниот фактор за зачувувањето на суверенитетот и интегритетот на нашата земја.

Армијата денес е препознатлива како извор на безбедност и стабилност но не само во рамките на нашите граници, туку и во светски рамки.
Им посакувам на нашите воени лица да продолжат да докажуваат дека нивниот врвен професионализам прекрасно ќе се вклопи со стандардите наложени од нашите сојузници во НАТО.

Честит празник на сите припадници на АРМ и големи успеси на професионален и личен план!“