| |

Четири медали за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по хемија во Ташкент

Бугарски ученици освоија еден златен, еден сребрен и два бронзени медала на 58. Меѓународна олимпијада по хемија, одржана од 10 до 18 јули во Ташкент, Узбекистан. На натпреварот учествуваа 320 ученици од 84 држави, јавува БТА.

Златен медал освои Дамјан Иванов, ученик во 11. клас во Софиската математичка гимназија, а сребрен Стојан Милев, исто така ученик во 11. клас во истата гимназија. Со бронзени медали се закитија Денислав Стојанов, ученик во 12. клас во Природнооматематичката гимназија „Гео Милев“ во Стара Загора, и Борислав Христов, ученик во 12. клас во Природноматематичката гимназија „Акад. С. П. Корољов“ во Благоевград.

Раководители на бугарскиот тим се доц. д-р Донка Ташева и Светослав Аначков од Факултетот за хемија и фармација при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.



Слични Објави