ЧЕТИРИ ПАТНИ ПРАВЦИ ВО КУМАНОВСКО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ГОДИНАВА

Четири регионални патни правци во кумановско ќе започнат со реконструкција во текот на почетокот на оваа година, најави вицепремиерот на Република Македонија Оливер Спасовски, кој истакна дека 2019 година ќе биде година во која ќе се работи за просперитетот и развојот на државата.

Со финансиски средства од Владата ќе се изврши целосна реконструкција на патните правци Куманово – Свети Николе, Старо Нагоричане – Граничен премин Табановце, Куманово – Опае и Куманово – Никуштак, најави Спасовски, додавајќи дека со доделените пари за индустриската зона во Речица ќе њсе подобри локалната економија. (Повеќе)