ЧЕТВОРИЦАТА ПОВРЕДЕНИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА КАЈ НОГАЕВЦИ СЕ НАДВОР ОД ЖИВОТНА ОПАСНОСТ
Четворицата повредени во железничката несреќа кај Ногаевци се надвор од животна опасност. Тројца се мажи и тие се задржани во Велешката болница, а една е жена на возраст од 50 години која поради здобиените повреди на лицето е пренесена на понатамошно лекување во Скопје.
Во несреќата загина 24-годишно момче. Несреќата се случи денеска околу пладне меѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, и возило „форд галакси“ со велешки таблички кај село Ногаевци на обележан премин со исправна светлосна и звучна сигнализација.
Според првичните информации, повредените биле пациенти на дијализа кои требало да бидат однесени во болница.