|

ЧУЛЕВ ВО КУМАНОВО ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА ПОЧИНАТИОТ ПРИПАДНИК НА МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изрази сочувство за починатиот припадник на МВР од Куманово, кој вчера ја загуби битката со коронавирусот.

,,Вчера во Куманово на 52-годишна возраст почина И.С., вработен во Министерството за внатрешни работи како полициски службеник на граничниот премин Белановце. Според информациите кои ги добив од колегите, станува збор за лице кај кое во изминатиов период е детектирано присуство на коронавирусот. Во оваа прилика сакам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи да упатам најдлабоко сочувство за загубата пред се до неговото семејството, а истовремено да искажам и почит кон неговата работа и дело, истакнувајќи дека сите ние во МВР изгубивме почитуван колега, пријател и вработен кој несебично даваше активен придонес во справување со секојдневните предизвици“, истакна министерот Чулев.

Тој посочи дека полициската работа бара натчовечки напори, исклучителност и пожртвуваност во извршување на работните обврски.

Министерот Чулев кој денеска се наоѓа во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово потсети дека во сите негови обраќања до јавноста ги повикувал граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања.

Слични Објави