ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО КИЧЕВО СЕКОЈДНЕВНО ПОМАГА НА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

//

Црвен крст во Кичево на овој начин дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19, пренесува Канал 5.

Црвениот крст на Општинска организација во Кичево секој ден претпладне врши достава на намирници за потребите на старите и изнемоштените лица, лица со попреченост и самохраните родители кои живеат на територија на општина Кичево , вели Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево.

Таа додава дека во текот на неделата на телефонската линија примиле 10 повици од стари лица кои живеат сами и на нив им била обезбедена соодветната барана услуга за набавка на потребни намирници.



Црвен крст во Кичево на овој начин дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19 ./МИА

Претходна статија

ДВАЈЦАТА НАСИЛНИЦИ ОД ШТИП СЕ НА РАСПИТ КАЈ СУДИЈА. ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР

Следна статија

ОВОЈ ЧОВЕК Е ЗА ВО ИНСТИТУЦИЈА: ТРИЧКОВСКИ СО НОВ ИСПАД ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести