| |

ЦУЦУЛОВСКИ: ШТО ЌЕ МУ Е НА ПОЛИТИЧАРОТ ПОДЛИЗУРКО И КАКВА КОРИСТ ЌЕ ИМА ОД НЕГО?!

Љубомир Цуцуловски е поранешен професор на Институтот за филозофија при Филозофски Факултет во Скопје и еден од најафирмираните и најугледните интелектуалци во Македонија. Цуцуловски често ги коментира релевантните политички и општествени случувања во Македонија и светот, поради што публиката и македонската јавност го препознава како влијателна интелектуална фигура.

Во интервју за „Мој збор“ Цуцуловски ги открива своите видувања за предизборната кампања, политичката култура во Македонија но и своето видување за интересите наспроти идеалите и вредностите во македонското општество.
Интегралната верзија од интервјуто со Љубомир Цуцуловски во продолжение:

Во тек е предизборна кампања поради што се соочуваме со многу информации, понуди, па можеби и разни прашања и дилеми. Врз база на што сметате дека гласачите ја носат својата конечна одлука и избор за кој да гласаат на претстојните избори?

-Мотивите можат да бидат бројни, почнувајќи од традиционалната припадност/симпатија кон определена партија, како резултат од влијанијата на непосредната околина и упорната пропаганда, ветувањата (најчесто лажни), па сѐ до свесно приклонување кон идеологијата на определена партија, нешто што е реткост во Република Македонија, бидејќи идеологијата во оваа држава одамна ја нема (што е веќе своевидна идеологија!), освен ако под идеологија се сметатаат општите декларативни места/флоскули дека одредена партија е за демократија, слобода, економски напредок и сл. Велам дека се тоа флоскули, бидејќи никогаш и никаде не постоела партија која се декларирала дека е против демократијата, слободата или економскиот просперитет. Оттука, ако не се прецизира, меѓутоа и не се операционализира на кој начин сето тоа ќе се оствари, тоа се навистина празни места/ветување и, според тоа, не е можно да се има свесно идеолошко определување за која било партија. Притоа, треба да се има предвид дека и самите поими „слобода“, „демократија“ итн. низ историјата различно се сфаќаат. На пример, за Аристотел, можеби најглемиот ум во филозофијата, било сосема нормално постоењето на ропството. Дури сметал дека за робовите е многу подобро да бидат робови, бидејќи, препуштени самите на себе, би пропаднале, заради својата вродена неспособност да живеат како слободни луѓе. Кога би биле способни за тоа, додавал Аристотел, не би биле робови.

(Целото интервју на Магдалена Стојмановиќ со проф. д-р Љубомир Цуцуловски прочитајте го на www.mojzbor.com)

Слични Објави