ЦУКЕРБЕРГ ПОСТРАШЕН И ОД САМАТА ИНКВИЗИЦИЈА

///

Актовите на Рубенс веќе 400 години ги освојуваат посетителите на големите светски уметнички галерии. Негови современици, за кои се вели дека фламанскиот мајстор на барокниот акт е непобитен извор на влијание, се Ван Дајк и Рембрант, но, ништо од ова дебело уметничко и културно досие не поминува пред речиси средовековните цензори на Фејсбук.

Главниот извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг, со еден потег укина цела кампања  промоции на белгискиот регион Фландрија на оваа социјалните мрежа, бидејќи прикажуваат дела на уметникот познат по неговите барокни слики од полу-облечени жени, славни во негово време како и херувими кои по дефиниција се „како што рекол Господ“. Рекламите што содржат сексуално ориентирани содржини, вклучувајќи ги, замислете, и уметничките или образовните акти како и уметничките статуи, се забранети на сајтот.

Во отворено писмо потпишано од повеќето музеи во Фландрија, фламанскиот туристички одбор му напиша на Цукерберг повторно да размисли за случајот„Не ние, туку Вие ги сметате градите, задникот и херувимите на Питер Пол Рубенс за нешто непристојно“, се вели во писмото. „Иако нам ни останува потајно да Ви се смееме , вашата културна цензура навистина ни го отежнува животот”. Објавите кои сега се отстранети од социјалната мрежа Фејсбук ја влучуваа и делото на Рубенс наречени „Слегувањето од крстот“, на кое се гледа Исус облечен само во својата извалкана платнена подлошка.

Во одбрана на својот став, Фламанскиот туристички одбор објави кратко видео во кое „полиција за голотија“ ги апси и одвлекува посетителите од куќата на Рубенс во Антверпен за да ги спречи да ги гледаат „срамотните“ слики. Туристичката канцеларија во моментов работи на двегодишна програма за промовирање на фламанските мајстори на ренесансното масло на платно Рубенс, Питер Брегел и Јан ван Ејк. Главниот извршен директор на канцеларијата, Питер Де Вајлд, рече: „За жал, промовирањето на нашето уникатно културно наследство на најпопуларната социјална мрежа во светот е невозможно токму сега”.



Фејсбук рече дека прифатил понуда од туристичката канцеларија за да разговара по ова прашање и инсистираше на тоа дека сликите нема да бидат забранети во обичните објави, туку само во реклами. Германската влада неодамна го осуди Фејсбук откако Цукерберг објави дека нема да ги отстрани мислењата што го демантираат Холокаустот, врз основа на тоа што неговите клиенти имаат право на слободно изразување. Цукерберг, Цукерберг, ти треба рифреш.



Претходна статија

ИЗЛОЖБА НА ОРИГИНАЛНИТЕ ВИНИ ПУ ИГРАЧКИ

Следна статија

ИЗЛОЖБА „ЈУНСКИ САЛОН“ ВО ГОСТИВАР

Најново од Култура