|

Цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на поддршката на Канада, порача Жоли по средбата со Османи

Имавме продуктивна средба на која отворивме важни прашања и ја цениме посетата што доаѓа во клучен момент за земјата, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за посетата на министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли.

„Го поздравивме силното сојузништво во НАТО. Ние сме заедно дел од мисиите на НАТО во Летонија. Денешната средба е можност за да ја проектираме нашата иднина со оглед на тоа што сме две земји што делиме исти вредности“, нагласи Османи.

„Цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка“, нагласи Жоли.

„Северна Македонија е одлучна и способна и би сакала да ве охрабрам да ги продолжите вашите напори да пристапите кон ЕУ“, рече канадската министерка.

Упати пофални зборови за земјата во однос на поддршката на војната во Украина.

Инвестиравте многу во поддршката на Украина. Канада го направи истото тоа и на жител има дадено милијарди долари и ќе продолжиме да го правиме тоа заедно“, нагласи Жоли.

Министерката за надворешни работи на Канада посочи дека нејзината посета доаѓа во клучен момент.

„Гледаме закани од авторитарни власти. Информациите што се користат како оружје, Канада сака да го спречи ваквиот тип на војување, кој Путин го води против Украина“, рече Жоли.

На прашањето кога Канада ќе воспостави безвизен режим за македонските граѓани во Канада, Жоли одговори дека сега сме стратешки партнери со тоа што обезбедуваме поблиска соработка и можеме да најдеме разни решенија за разни прашања.

Слични Објави