Д-р Добрик Георгиев е добитник на наградата „Џон Атанасов“ за 2026 година во Бугарија
Докторот по компјутерски науки и предавач Добрик Георгиев е добитник на претседателската награда „Џон Атанасов“ за 2026 година во Бугарија. Признанијата беа врачени на свеченост во Салата со грбови во Претседателството во Софија, јавува БТА.
Претседателката Илијана Јотова изјави дека Бугарија сè поуверено се вклучува во развојот на високите и глобалните технологии. Како примери ги посочи Институтот за компјутерски науки и вештачка интелигенција INSAIT и развојот на бугарските технолошки компании.
Меѓу наградени оваа година се ученици, студенти, млади научници, наставници и автори на проекти од областа на компјутерските науки и технологиите. Признанија беа доделени во повеќе категории, меѓу кои за ученици и нивните наставници, проекти со висок општествен придонес, дебитантски достигнувања и придонес во развојот на млади таленти.
Јотова ги повика младите таленти да продолжат да се развиваат, без да ја прекинуваат врската со Бугарија.

