Д-Р И. НИКОЛОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАРЕКУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР НАЈГОЛЕМ ГРАБЕЖ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

//

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција праша дали Зоран Заев се подготвува за најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија со задолжувањето пред комерцијалните банки за изградбата на новиот клинички центар.

Тој праша дали е сеедно што кредитот ќе се земе од комерцијалните, а не од Европската банка за обнова и развој.

„Не сака Зоран Заев некоја институција како развојна банка на ЕУ да го контролира процесот, како се трошат парите од заемот. Тој сака да ги троши без контрола, колку и да е повисока каматата“, рече Николов и додаде дека за кредитот, како што јави вчера министерот за здравство, ќе преговара министерот за финансии, односно Зоран Заев.

Николов побара од министерот Филипче и премиерот Заев да дадат одговор на прашањата колку ќе се задолжува државата за новиот клинички центар, поточно под кои услови, како и дали е сеедно да се земе кредит од комерцијална банка или од развојни банки, бидејќи клиничкиот центар ќе се плаќа со пари на народот.



Опозицијата прашува и дали до изградбата на новиот клинички граѓаните ќе се лекуваат во руинираните згради на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и имаат некаков план и програм за реновирање.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ЛОЗАНО ОБЈАВИ НОВ ЛЕТЕН ХИТ НА ЕДЕН ДЕН ПРЕД НЕГОВИОТ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО ОХРИД (ВИДЕО)

Следна статија

РЕМЕНСКИ ДО ВМРО-ДПМНЕ: ДОБРА СУМ, ИЧ ДА НЕ СЕ СЕКИРАТЕ, НЕМАМ НИШТО ПРОТИВ ОЈО ДА ИСПИТА ЗА МОЈАТА ПОВРЗАНОСТ СО БОКИ 13

Најново од Вести