|

Д-Р ПАНОВСКИ: ПИКОТ НА КОРОНАВИРУСОТ ГО ПОМИНАВМЕ ПРЕД 10-ТИНА ДЕНОВИ

Проф. д-р Никола Пановски за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека пикот на коронавирусот е поминат пред десетина денови кога имавме 107 заразени за еден ден.

„Овие мерки беа преземени за посериозна состојба и затоа сега бројот ќе паѓа. Според мене, мислам дека немавме пик, односно ако може да се смета тоа за пик, го имавме пред десетина денови. Радува фактот што и процентот на позитивни тестови паѓа, па така ако претходно имавме 10% од вкупните тестови да се позитивни, деновиве тој процент изнесува 7 %“, изјави Пановски.

Тој уште еднаш нагласи дека кривата се спушта и дека и самите епидемиолози се сигурни дека пикот е поминат.



Слични Објави