Дачиќ со Тилерсон ќе бара заеднички интереси на САД и Србија

//

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ се подготвува за состанокот со државниот секретар Рекс Тилерсон. Дачиќ веќе разговарал со помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел, со цел да се изнајдат заеднички интереси меѓу САД и Србија, поради стабилноста, мирот и иднината на целиот регион. Дачиќ верува дека актуелната администрација на САД има поголемо разбирање за српските ставови, кога се во прашање проблемите во регионот.

„Бараме да бидат сослушани нашите предлози за да се дојде до најдоброто решение за сите во регионот“, стои во изјавата на Ивица Дачиќ. Тој констатира на крајот дека „особено е значајно дека постои добра желба да се дојде до трајно решение за проблемите на Косово“.



Во пишаната изјава за медиумите, Ивица Дачиќ изрази надеж дека состанокот со државниот секретар Рекс Тилерсон во петок ќе биде успешен и од голем значење.

Претходна статија

НАТО како алиби

Следна статија

Турција ги продолжува воздушните напади во северот на Сирија

Најново од Вести