Турција ги продолжува воздушните напади во северот на Сирија

//

Турските авиони го продолжија бомбардирањето на курдската енклава Африн, на северот од Сирија, објави агенцијата „Анадолија“. Според информациите, турските авиони Ф-16 синоќа извршиле повеќе напади.

Во текот на синоќешните напади турските авиони бомбардирале неколку локации во енклавата. Турција пред три недели започна офанзива со цел да ги протера борците на сириските Курди од Африн, кои ги гледа како закана поради нивните врски со курдските бунтовници на својата територија.



Претходна статија

Дачиќ со Тилерсон ќе бара заеднички интереси на САД и Србија

Следна статија

Времето денес: променливо облачно со сончеви периоди

Најново од Вести