ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ИЗВИНИ ПОРАДИ ИЗЈАВАТА ДЕКА ТРЕБА ДА ГО НАСЛЕДИ АТРАКТИВНА ЖЕНА

/

Далај Лама се извини за контроверзниот коментар за можен женски наследник, објави Би-би-си.

Имено, минатиот месец тибетскиот лидер во интервју за британската телевизија рече дека секоја идна наследничка на Далај Лама треба да биде атрактивна.

„Ако наследникот на Далај Лама е жена, тогаш таа мора да биде атрактивна, инаку луѓето нема да сакаат да го гледаат нејзиното лице“, изјави Далај Лама за Би-би-си.

Откако новинарката на Би-би-си го прашала дали не поважно тоа каква личност имаат луѓето, тој одговорил дека и двете работи се важни, карактерот, но и изгледот.

Официјалните претставници на Далај Лама набрзо јавно се извинија поради неговата изјава, сугерирајќи дека се шегувал.



„Многу му е жал што повреди многумина со неговата изјава. Тој искрено се извинува“, се вели во соопштението.

„Далај Лама ја разбира контрадикторноста меѓу материјалистичкиот, глобализираниот свет со кој се соочува за време на неговите патувања и комплексните идеи за реинкарнација кои се во срцето на тибетската будистичка традиција“, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО, ВО ЈАПОНИЈА ЕВАКУИРАНИ 800.000 ЛУЃЕ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: САМО ВО МАКЕДОНИЈА СО КОЈА ВЛАДЕЕ КРИМИНАЛНАТА БАНДА НА ЗОРАН ЗАЕВ, ДРАГИ РАШКОВСКИ И НАТАМУ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НЕДОПИРЛИВ

Најново од Вести