| |

ДАЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА И УПИСОТ НА ПРВООДЕЛЕНЦИТЕ ?

Доколку граѓаните на оваа држава ви наликуваат на стока за „пелцување“, најдобро ќе биде да очекуваме конечно надлежното министерство да се изјасни по ова прашање. Можеби насловот на текстот е печатна грешка како онаа од пред некое време каде Министерството за образование се изјаснува дека нема да врши упис без вакцини, а всушност подолу во текстот тоа да ти бил министерот за здравство и се така преплетено со фотографиите од варичела кои беа пласирани по медиумите за презентација на фамозната епидемија на морбили…

Мислам дека редно е да се изјасни Министерството за образование и наука, доколку овие установи се под нивна надлежност. Не е тешко да се испрати еден писмен допис или да се направи измена во законот. Дајте барем покажете со прст кој е виновникот, не е доволно да се префрла одговорноста кон незнаен јунак.

Како и да е, сепак на првиот училишен ден првачињата кои од најразлични причини немаа комплетен картон за имунизација, останаа надвор од училниците. Кој ви го дава тоа право господине министер да ги насочувате граѓаните во кршење на законот? Како тоа неосновано му забранувате на родителите да ја исполнат законската обврска која е пропишана во Уставот за задолжително образование? Со кое право вршите дискриминација врз група граѓани кои сепак имаат свои човекови права и право на одлука. Всушност кој воопшто ви дава за право да ја тргнете насмевката од лицата на тие деца? Гневот е голем Филипче и никогаш нема да ви биде простено и заборавено…

Ајде организирајте една јавна дебата со вашите неистомисленици кои се групираат по социјалните мрежи и здруженија на граѓани и објаснете зошто сѐ уште нема никаква одговорност за вакцините кои беа со „грешна“ декларација (да не речам со поминат рок) и што е со тие дечиња кои ги примија, дали го проверивте картонот за имунизација на Папата кој беше во историска посета баш во екот на „епидемијата“, како во стилот на врвен илузионист преку капаче ја вакциниравте вашата внука, зошто не прогласувате епидемии од други болести со неспоредливо поголеми размери, што ќе се случува со учениците кои ги немаат примено сите вакцини, а веќе учат во истите установи во кои ги забранувате уписите, која е опасноста за зараза од 1% невакцинирани кога сите други се вакцинирани, зошто во некои школи на првиот училишен ден ги пречекавте децата со спремни вакцини? Дали можеби повторно ве притиска рокот, квалитетот, составот… Најдобро би било да дадете писмена потврда дека сносите одговорност доколку се случи некаква компликација од вакцинацијата.

Не знам зошто не олабавите малку? Не е се во профитот и тендерите, врзете си џемпер на вратот онака над кошулчето и одете малку поиграјте тенис или земете штека в раце и чукајте топки (и билијардот знае да релаксира)… Што му се секирате сега кога имате 95% реализација на вакцинацијата? Би помислил дека има некој награден лимит на фармацевските компании (оние петте најмоќни во светот) кој се трудите да го достигнете. Многу подобро ќе беше да ги решавате реалните проблеми во здравството, болниците ви наликуваат на катакомби, персонал ви остана за семки продавање, му ја кренавте цената на бајачите со вработувањето на партиските заслужници и спонзорите, пациенти умираат од банални причини, се собираат донации за лекување на дечиња, а вие ми глумите правна држава…

Секој ден ја гледаме како функционира вашата правна држава во која одговорност сносат сите само вие никако. Зарем тоа е грижата за своите граѓани, зарем толкава е цената на нивниот живот? Од која причина вашите животи имаат поголема цена? Мизерна е споредбата на нечии животи со профитот кој го праите на нивна сметка… Не сте бе дечки толку силни колку што си мислите, иако имате добри советници кои во минатата влада беа „успешни“ на многу полиња, можеби баш поради тоа што токму вие ги советувате, но не заборавајте дека во минатото на овие простори имало многу такви слични на вас кои завршија неславно.

Автор: Благојче Трајковски, Член на УК на ГДУ



Слични Објави