ДАРА ќе ги изведе „Bangaranga“ и својата нова песна на финалето на „Евровизија Азија“
ДАРА ќе ја врачи наградата на победникот на првото издание на „Евровизија Азија“, јавува БНТ.
Првата бугарска победничка на „Евровизија“, која БНТ ја избра да ја претставува Бугарија на натпреварувањето во Австрија, ќе изведе и специјална верзија на својата песна „Bangaranga“, како и новата песна „Bad idea“, во рамките на програмата на настанот.
Големото финале на „Евровизија Азија“ се одржува денеска во Бангкок. Ова е првото азиско издание на изборот за песна во неговата 70-годишна историја.
Финалето ќе можат да го следат и обожавателите во Бугарија од 15:30 часот по бугарско време, на официјалниот јутјуб-канал на „Евровизија“.
