„ДАСТА“ СЕ ПРЕТСТАВУВА СО ШЕСТ КРАТКИ ФИЛМОВИ ВО „КОТУР“
Вечерва, со почеток од 20.30 часот, во кафулето „Котур“, ќе се одржи филмска вечер, во организација на центарот „Данаил Станојески“ (академијата за филм „Даста“). Ќе бидат прикажани шест филма во продукција на „Даста“ на нови автори, и тоа: „Мојот татко“ и „13 мај“ на Ирма Башеска Ристовска, „Да се биде Максут“ на Нихал Бејадин, „Кукачот“ и „Ама јас те сакам“ на Загорка Поп-Антоска Андовска и „Услов“ на Даниел Шикоски, јавува Нова Македонија.
„Да се биде Максут“ се занимава со животот на актерското семејство Максут низ три генерации актери, во три сосема различни времиња и контексти за работа, допирајќи афирмативно до мултикултурни и мултирелигиски теми.
Целиот напис прочитајте го овде.