| |

Деца од Бугарија, Турција, Украина и Шпанија со заедничка изложба за ритуалните традиции во нивните земји

Млади уметници од Бугарија, Турција, Украина и Шпанија преку изложба ќе ги претстават своите дела инспирирани од запознавањето на ритуалните традиции на различните земји. Настанот, организиран со помош на Амбасадата на Украина во Бугарија и финансиската поддршка на општина Бургас, е дел од меѓународниот едукативен културно-уметнички проект „Ритуални празници – обединуваат култури и срца!“.

Изложбата ќе биде поставена на 28 август во дворот на Етнографскиот музеј во Бургас, а следниот ден делата ќе бидат изложени во фоајето на вториот кат на Куќата на културата на Националниот културен центар, информираат од локалната администрација во Бургас.

Свои дела ќе претстават ученици од приватната ликовна школа во Бургас, Средното училиште за ликовни уметности во Истанбул, ученици од Измаил заедно со ученици од неделното училиште Родина во Малага, како и од локално основно училиште во шпанскиот град.

На отворањето на изложбата, граѓаните на Бургас ќе можат да го пробаат традиционалниот украински деликатес вареники – варено бесквасно тесто со фил од зеленчук, печурки, месо, урда или овошје, како и други пекарски производи. Со специјално подготвена фолклорна програма ќе се претстават детски групи од четирите земји.

Слични Објави